Прочистете го крвотокот со помош на многу едноставен рецепт

11 јануари, 20150
2

Модерниот начин на живеење влијае на фактот дека голем број на луѓе се соочуваат со проблеми поврзани со крвотокот. Едноставниот рецепт содржи лимон, магдонос и вода и ги отстранува мастите во крвта.
Лимонот и магдоносот се варат два до три часа и се пијат секое утро, на празен стомак.
Многу луѓе со покачени масти во крвта или холестерол се борат во овој современ свет поради брзиот начин на живеење, но и заради генетските предиспозиции. Нормалното ниво на холестерол е помеѓу 4,60 до 6,20 mmol/L. Овој сируп се покажал многу ефикасен во намалувањето на високиот холестерол.
Како да го направите сирупот за намалување на маснотиите во крвта?
Потребни состојки:
• 1кг лимон
• 5-6 китки од магдонос
• 3л вода
• 1 ќесичка сода бикарбона
Подготовка:
Исплакнете го лимонот во ладна вода, потоа потопете го во топла вода и додадете ја ќесичката со сода бикарбона. Оставете ги така да отстојат околу еден час. Магдоносот, заедно со дршките, исецкајте го на ситни парчиња. Потоа, лимонот, заедно со кората, исечете го на мали парчиња. Магдоносот и лимонот ставете ги во сад и додадете три литра вода. Гответе на тивок оган се додека не омекнат, од 2 до 3 часа. Откако ќе се сварат, исцедете ја содржината. Треба да добиете околу 1,5 л сируп.
Се пие секое утро, на празен стомак, една полна чаша до 1дл. Мерката е доволна за 15 дена, доколку се пие редовно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi