Ракот не е болест, туку оружје со кое нашиот организам се штити?!

22 октомври, 20140
20
Еден научник изнесе сосема контроверзна хипотеза според која ќелиите на ракот всушност претставуваат продукт на еволуцијата со кој човечкиот организам се штити и чува од негативните влијанија на околината.

Според неговите зборови, единствена метода да ја совладаме оваа тешка болест се третманите со кислород и имунотерапиите.

Но дали е возможно ракот всушност да претставува начин на кој нашите ќелии се бранат, слично на оштетениот систем кај еден компјутер кој во таканаречениот “safe mode” се обидува да се сочува кога се соочува со надворешни закани? Космологот Пол Дејвис тврди дека тоа е навистина така.

Тој и неговите колеги од Универзитетот во Темпе, Аризона, развиле контроверзна хипотеза за потеклото на ракот, базирана на еволуцијата на живите организми. Ако нивната хипотеза се покаже за точна, терапиите какви што се третманот со кислород или намерното инфицирање со поединечни видови на вируси или бактерии би можеле да бидат ефективни во борба против оваа тешка болест.

На прв поглед, Пол Дејвис се чини дека и не е соодветната личност која на било каков начин би можела да придонесе во борбата против ракот поради фактот дека тој не е биолог, туку физичар. Сепак, пред седум гоини тој бил повикан да основа институт кој би ги соединил физичарите и онколозите со крајна цел да се пронајде нова перспектива во поглед на малигните болести.

– Од нас беше побарано да го согледаме ракот со сосема поинакви очи, изјави Дејвис.

Тој и неговите колеги, австралискиот астробилог Чарли Лајнвивер и канадскиот онколог Марк Винсент развиле атавистички модел кој се основа на древните својства на ќелиите на нашите тела да се репрограмираат, односно алармот кој се’ додека не се покаже потреба, мирува во нашите тела.

Всушност, тие тврдат дека потеклото на ракот веројатно се сокрива уште во праќелиите, заедничките предци на луѓето, животните и билките.

Во време на едноклеточните организми, суштествата се потпирале на бесмртноста, односно способноста да се умртват и на тој начин да поминат непоразено покрај потенцијалните предатори. Таа способност денес ја заменуваат сперматозоидите и јајце клетките, односно репродукцијата на живи суштества.

Денес рудиментарните својства на бесмртноста останале вградени во ќелиите на телата на повеќеклеточните организми, а ако тие почувствуваат непосредна опасност (како што е на пример радијацијата), соматските клетки по автоматизам ќе се обидат да се заштитат претворајќи се во клетки на рак.

Накусо, некогаш дефанзивната програма на нашите едноклеточни предци денес претставува неуспешен обид за заштита кој е претворен во тешка и смртоносна болест.

– Ракот е непогрeшлив. Штом почувствува закана од надворешна средина, тој немилосрдно се активира, тврди овој научник.

Накусо, ако оваа теза е навистина точна, Дејвис тврди дека терапијата со кислород и намалувањето на вносот на шеќери во организмот е вистинскиот избор. Всушност, овие две нешта се Ахилова пета на сите малигнитети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi