Сигурни знаци дека таа е подготвена за секс

10 јануари, 20150
4

Излеговте неколку пати со девојката по која потполно полудевте и сега на ред е деликатното прашање – дали и таа е подготвена за следниот чекор?

Проверете ги следните 5 сигнали и откријте дали и таа ве посакува исто колку и вие:

„Се чувствувам пријатно во твое друштво“

Ако ја изговори оваа реченица на крајот на состанокот, предложете и следен пат да одите на пијалак кај вас или неа, па поразговарајте на оваа тема.

Факт е дека жените сакаат да се чувствуваат сигурни пред да стапат во љубовна акција, токму затоа ова е одличен знак.


Инсистира да преспиете

Не бидете премногу резервирани ако ве викне кај неа, па повторно чекате таа да го направи следниот чекор.

Запаметете дека девојките сакаат првиот секс со нов партнер да се случи кај нив дома, затоа што тоа им ја зголемува самодовербата, а воедно и се поопуштени.


Често ве допира

Физичкиот контакт е уште еден показател за заинтересираноста. Најдобро што можете да направите е да го возвратите гестот, ако сакате да откриете до каде е подготвена да оди.


Се интересира за вашето сексуално минато

Кога девојките се подготвени за секс, најчесто започнуваат да се интересираат за минатото на партнерот. Не е препорачливо длабоко да навлезете на оваа тема, но добро е да знаете неколку информации од здравствени причини.

Иако ви се чини дека ваквиот разговор е здодевен и непријатен, ова е само еден од многуте јасни сигнали кои таа ви ги испраќа.


Безобразни разговори

Кога девојката ќе го направи првиот чекор и „на шега“ ќе и се испуштат неколку валкани зборчиња, тоа е првото одобрување од нејзина страна.

Најдобро што можете да направите е да „паднете“ на овој нејзин тест и да го продолжите разговорот во кревет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *