“Златно млеко“ против артритис и убиец на карциногени клетки

22 ноември, 20140
10

Златното млеко е познато со векови и е одличен лек за подобрување на општата здравствена состојба и зајакнување на имунитетот.

Ако сакате да сте здрави и да се заштитите од многу болести, меѓу кои и оние најопасните, алтернативната медицина препорачува да го направите и конзумирате златното млеко. Ова е древен индиски пијалок кој гарантира здравје и долголетие и дури има способност да ги убива карциногените клетки.

Рецептата е многу лесна и секој може да ја направи во домашни услови. Создавачите на рецептата тврдат дека сите компоненти во неа се многу полезни, проверени низ историјата и многу лековити.

Потребни ви се вода, млеко, бадемово масло и куркума.

Зачинот куркума се нарекува и индиски шафран. Се добива од коренот на билката куркума лонга, кој има темнокафена корка и темнопортокалово месо. Ова е билка од родот на ѓумбирот. Свежата куркума е ароматична, мошне лута, со благо горчлив вкус и со вкус на смола. Сушената куркума развива арома на портокал и на ѓумбир, лути и има малку горчлив вкус. Ова е задолжителен зачин во некои индиски јадења од компири и зеленчук и во јадења од риба, јагнешко и пилешко. Аромата при јадењето е мошне пријатна, а особеност на куркумата е и тоа што на јадењата им дава златножолта боја и затоа еден од називите и е жолт корен. Куркумата се користи како зачин, како боја за ткаенини и како лек.
Ако на некој производ забележите дека како состојка е посочен и додатокот за јадење Е100, тоа значи дека во него има и куркумин, природна жолта боја добиена од оваа билка.
Го сметаат за добра замена на најскапиот зачин на светот, шафранот. Освен тоа, куркумата е задолжителен дел од многубројните зачини што се користат за подготовка на зачинската мешавина кари. Оттаму и жолтата боја на зачинот кари.
Се смета за мошне лековита билка. Позната е како таква од пред 5.000 години. Содржи моќни антиоксиданси и поволно дејствува на организмот за заштита против низа болести, од рак до проблеми со варењето.

Исипете четвртина чаша вода во соодветен сад и во неа додадете 1/8 лажица куркума, која треба да е смелена ситно и варете околу 8 минути. За куркумата одамна се знае дека лекува рак.

Во посебен сад се додава 1 чаша млеко и 2 лажици бадемово масло. Млекото може да биде козјо или од соја. Млекото исто така треба да зоврие. После тоа двете течности се мешаат заедно и се меша постојано се додека не добие смесата златна боја. За подобар вкус можете да додадете лажица мед или кафеав шеќер. Златното млеко се пие додека е топло.

Се пие редовно 3 месеци по една доза дневно!

Според преданијата златно млеко освен со карцином се бори и против следниве болести: артритис, болки во грбот, болести на женските репродуктивни органи, го подобрува сонот, го зајакнува имунитетот, депресија, стрес и сл.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi