4 најубави и најлуксузни телефони

10 февруари, 20150
10

Со почетокот на паметните телефони, дизајнот на овие уреди се стандардизираше и фокусот сега е на голем екран и брзи перформанси. Но, тоа не беше отсекогаш така… Да погледнеме дел од најубавите (и најскапите) телефони на светот!

Mobiado 350PRL

Овој телефон е првиот со QWERTY тестатура на производителот, а е изработен од метал кој се користи при изработка на авиони. КОпчињата се изработени од сафир и нерѓосувачки челик, како и задниот дел. Навистина изгледа преубаво!

Vertu Signature S

Иако започна да се продава во 2007-ма година, и денес овој телефон изгледа одлично! Vertu е познат по производство на луксузни и скапи телефони, а ова е еден од најдобрите на пазарот. Единствена негативност е неговата тежина – 238 грама!

Nokia 8800 Sirocco Edition

Името го доби според пустинскиот ветер (ураган), а претставен е во 2006-та година. Овој уред беше фаворит помеѓу тимот на GSM.mk, со својот екран со 262,000 бои, нерѓосувачки челик и солидна 2 мегапикселна камера.

Siemens SX1

Името Siemens веројатно не ви паѓа на памет кога ќе спомнеме убави или луксузни телефони. Сепак, мора да го пофалиме овој уред на компанијата, кој за 2003-та година изгледаше навистина феноменално. Дури и денес да бидете видени со него, веруваме дека ќе предизвикате љубопитност кај останатите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *