Инсталиравте Facebook Messenger? Прочитајте на што се согласивте

10 ноември, 20150
3

Facebook Messenger изгледа како обична апликација која на едно место ќе ја задржи цела ваша привата комуникација со пријателите, но постои и добра причина зошто ја одвоиле како посебна апликација.

Од Фејсбук велат дека им е полесно да скалираат и одржуваат посебна апликација, што до некаде има вистина, но компанијата не нагласува што се кријат условите за користење кои никој во пракса не ги ни чита. Секако, ако од Фејсбук отриваат буквално се никој не би ја користел апликацијата, со што само тивко на луѓето им се нуди да кликнат на Agree.

Милијарда луѓе го користат ФБ на своите мобилни телефони. Апликацијата е бесплатна, но како што сите знаеме дека „ништо не е бесплатно“, истото важи и за оваа апликација. Вашите информации ги продаваат огласувачи кои јасно можат да го средат огласот прилагоден токму како за вас. Сите „бесплатни“ апликации ги плаќаме на овој или оној значин.

Huffington Post истражувал малку подлабоко во условите за користење на Месенџерот и открил прилично незгодни работи за кои повеќето корисници не воопшто свесни, а токму таа ситуација му дава на Фејсбук право за користење на истите.

Во продолжение можете да прочитате само некои од работите кои сте ги подариле на семоќниот Месенџер. Сега имате две опции, првата е да ја избришете апликацијата и да ја користите само мобилната апликација или едноставно да не користите Фејсбук преку мобилен телефон.

facebook_messenger_android_ios

Апликација овозможува промена на состојбата на мрежното поврзување.

Овозможува јавување на телефонски броеви без ваша интервенција што може да доведе до неочекувани трошоци. Злонамерната апликација може да бира без ваша дозвола, а со тоа да ви ја зголеми и сумата на сметката.

Овозможува праќање СМС пораки. Истото како и со повиците, можат да се испраќаат без ваша потврда што е само дополнителен трошок.

Овозможува снимање на звук. Оваа дозвола овозможува снимање на звук во било кој момент без ваша согласност.

Овозможува сликање и снимање со видео камера. Оваа дозвола овозможува користење на фотоапарат во било кое време без ваша потврда.

Овозможува читање на записник од вашиот уред, вклучувајќи ги и податоците за дојдовни и појдовни повици.

Овозможува читање на лични податоци од профилот кои се наоѓаат на вашата страна како што се контакт податоците. Тоа значи дека апликацијата може да идентификува личности и да им праќа податоци.

Овозможува пристап до значајни телефонски елементи. Утврдувањето на телефонскиот број е еден од нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *