Како би изгледал iPhone 7?

19 ноември, 20150
5

Мартин Хајек е дизајнер кој најчесто е познат по своите концепт телефони, кои најчесто изгледаат поубаво од вистинските модели што подоцна ќе се појават на пазарот. Да погледнеме која е неговата замисла за iPhone 7…

Доколку новите телефони навистина дојдат со нов дизајн, еве како е тоа замислено од страна на Martin Hajek.

Како што ќе забележите на фотографиите, главната атракција на овој модел е екранот, кој сега има екстремно тенки граници околу него. Уште еден новитет е дека Home копчето овојпат е вградено во екранот, а причината за ова е што Apple неодамна доби патент за технологија која може да имплементира слој за скенер на отпечатоци под екрнаот.

Куќиштето традиционално ќе биде изработено од алуминиум, а на задната страна имаме камера со две леќи и LED блиц, како и Apple лого кое свети. Останатите конекции и копчиња се на своите добропознати места.

Новиот iPhone ќе биде официјално претставен во септември идната година, а засега не се знаат премногу детали, освен дека повторно ќе видиме верзии со различни големини на екранот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi