Кои паметни телефони имаат најиздржливи батерии?

22 јуни, 20150
14

Траењето на батеријата е еден од најкритичните фактори при избор на смартфон.

На крајот, кога батеријата на уредот е исползена, станува безвредна, независно од тоа колку добри биле техничките карактеристики на телефонот. Тука се поставува прашањето, кои од иконските модели на водечките производители се со најиздржливи батерии.

Од изданието phonearena.com се зафаќаат со анализа на ова прашање, со тоа што го подложуваат животот на батериите на 10 од водечките модели на три типа тестови.

Првиот тест е Geekbench 3. Тој е изработен од Primate Labs со мерење на батеријата на уредите со оперативниот систем Android и iOS. Овој тест е синтетички и се случува при исклучен екран, а не на база користењето на смартфоните во реалниот живот. Тој е базиран на бројот на повторување (повторувања при обработка на податоци), од целосно наполнетата батерија од 100% до целосно нејзино паѓање на 0%. Еве како изгледа рангот на батеријата на база на овој тест:

1

Како што се гледа, иако релативно скромна, батеријата на моделот Samsung Galaxy S6 ја зазема водечката позиција. Потоа се наоѓа Sony Xperia Z3. LG G4 исто така се држи добро што покажува значителен напредок во однос на претходната верзија – G3, на второ место од назад кон напред. Последното место е за iPhone 6.

Вториот тест, на кој биле подложени смартфоните, е на PCMark развиен од Futuremark и применлив за смартфоните со оперативен систем Android. Тој се обидува да ја нагласи реалната употреба на смартфоните од корисниците, со тоа што го истражува нивното однесување за време на употреба при капацитет на батеријата помеѓу 100% и 20%. Од компанијата сметаат дека корисниците целосно го менуваат своето однесување кога доаѓаат до  20% наполнетост на батеријата. Еве какви се резултатите од тестот:

2

Како што се гледа тука првак е Sony Xperia Z3 со издржливост на батеријата од 7 и пол часа, понтаму се наоѓаат Galaxy S6 и Galaxy Note 4. Тука на последното место е LG G3.

Последниот тест е развиен од изданието PhoneArena. Тој исто така ја нагласува вистинската употреба на смартфоните од корисниците, со тоа што го истражува животот на батеријата од 100% до целосното нејзино празнење. Победник и тука е Sony Xperia Z3 со траење на батеријата од 9 часа и 29 минути. На второ место е моделот Galaxy Note 4, а на трето Google Nexus 6. На последно место повторно е iPhone 6.

3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi