Еве како да праќате порака било каде во светот за без пари

17 август, 20150
mobilen

Заборавете на роаминг, огромни телефонски сметки или лошиот интернет, со оваа апликација можете да праќате пораки без интернет било каде во светот.

FireChat е совршена апликација за патување, бидејќи ви овозможува да праќате и примате пораки без интернет конекција благодарение на “мрежниот прием”.

Во основа, системот работи со тоа што ви овозможува да комуницирате безжично така што ја пренесува пораката од еден до друг телефон кои ја имаат оваа апликација со помош на WiFi и Bluetooth антена.

Ако не постојат врски во близина, пораките се чуваат до моментот кога тие ќе може да се испратат. Тие потоа се пренесуваат од еден телефон на друг додека не стигнат до примателот, и не грижете се, сите пораки се шифрираат, така што само тој што треба може да ги прочита.

Се разбира, целиот процес може да потрае од 10 до 20 минути , но ќе бидете во можност да испраќате пораки насекаде во светот без да правите високи сметки.

Најдобро е тоа што апликацијата е достапна и за iOS и за Android телефоните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi