Најдобрите пет изуми за 2015 година

3 јуни, 20150
12

Со 21-от век дојдоа и бројни иновации во разни сфери во животот, а оваа година е докажано дека не постои ниту една работа која не може да стане од фантазија во реалност. Погледнете ги петте најинтересни изуми за 2015 година.

Проѕирно кану 


Дали некогаш сте посакале да набљудувате што се случува под површината на морето додека веслате со кану? Сега тоа е возможно. Со ова проѕирно кану целото доживување на море се подигнува на едно повисоко ниво.

3D пенкало

Ова 3D пенкало ви овозможува да ги претворите соништата во реалност или барем оние кои ви се од жешка пластика. Со ова можете да направите скоро се, а некои уметници прават навистина неверојатни скулптури кои потоа завршуваат во галериите ширум светот.

Висечки шатори


Ова е еден од најдобрите изуми во светот на љубителите на кампување. Овие шатори се поставуваат над земјата, со што се овозможува подобар поглед, но и безбедност на камперите. Единствено нивното поставување може да биде малку комплицирано.

https://www.youtube.com/watch?v=I-Rj8rC_OSQ

Самолетечки дронови

Конечно е направен дрон кој е толку паметен, што воопшто не му се потребни контролори. Овој дрон има посебни сензори со чија помош ве следи и снима и дефинитивно ќе биде омилен за љубителите на селфи фотки.

3D принтери

Оваа машина го подигнува правењето на 3D скулптури на повисоко ниво. За разлика од 3D пенкалото, овој принтер може да направи буквално се што ќе испрограмирате, од облека, преку уметнички дела, па се до оружја.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi