Нема да има дислајк копче, туку за емпатија и сожалување

16 септември, 20150
7

Опцијата „не ми се допаѓа“ или „дислајк“  е една од најбараните опции на Фејсбук, за која корисниците „лобираат“ речиси од самиот почеток на социјалната мрежа. Кога сопственикот Mark Zuckerberg вчера излезе во јавност и кажа дека компанијата работи на ново копче, стотици светски медиуми јавија дека тоа е долгоочекуваното „дислајк“ копче.

Но, вистината е поинаква. Како што објасни Zuckerberg, компанијата не сака да го претвори Фејсбук во форум на кој луѓето ќе гласаат за и против некоја објава.

„Тоа не изгледа како видот на заедницата што ние сакаме да ја создадеме“, изјави Zuckerberg.

Тој појасни дека компанијата всушност ќе воведе копче со кое корисниците ќе можат да изразат емпатија. Кога досега некој објавуваше некаква тажна вест, се случуваше непријатна ситуација во која луѓето кликаа „ми се допаѓа“, односно копчето „лајк“ беше единствениот начин на кој тие можеа да изразат некакво чувство во врска со ваквите постови. Со новото копче, корисниците ќе изразат жалење, сожалување или емпатија, односно ќе можат да изразат сочувство.

Опциите за имплементација на новата опција се се уште отворени. Фејсбук би можел да им даде на корисниците кои постираат можност да го заменат копчето „лајк“ со новата опција или да го додадат новото копче (кое би можело да гласи „сори“ или нешто слично) покрај постоечките опции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi