Полнењето преку цела ноќ ја расипува батеријата на телефонот

22 февруари, 20150
11

Според истражувањето на Дејвид Мекејн, научник од Кембриџ, не би требало да го чувате телефонот приклучен на полнач преку целата ноќ.

Првата причина е што на тој начин уредот троши многу повеќе струја. Според податоците од експериментот, полначот без телефон вклучен во струја троши 0.26 вати. Кога на полначот е приклучен телефон или таблет, потрошувачката достигнува околу 3.7 вати, додека потрошувачката на струја кога телефонот е полн, а сеуште приклучен на полначот, се движи околу 2.3 вати. Тоа е прилично беспотребно расфрлање со енергија. Претходните анализи велат дека кога секој би го исклучил телефонот по полнењето, би се заштедила струја за 100.000 жители.

Ако не сте многу заинтересирани за енергетска ефикасност, веројатно сте заинтересирани за изржливоста на батеријата на вашиот телефон. Според Мекејн, еднократното полнење на батеријата „до даска“ е штетно по истата. Тој препорачува телефонот да се полни повеќе пати во денот, и не до 100%. Слично како и кај лаптоп компјутерите, батеријата би требало да ја полните до околу 80%, а повторно да ја наполните кога ќе стигне до 30%. На тој начин батеријата ќе трае подолго и ќе работи подобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *