Samsung подготвува телефон со резолуција која ќе ве воодушеви!

15 јули, 20150
Samsung подготвува телефон со резолуција која ќе ве воодушеви!
Според пишувањата на јужнокорејскиот дневник Electronic Times, компанијата Samsung во овој зафат ќе ја поддржи и Јужна Кореја!

Јужнокорејскиот технолошки див Samsung, со финансиска поддршка на државата изработува смартфон со екран од резолуција од 11K, односно 2.250 пиксели по инч, во намера да ја демонстрира својата технолошка супериорност на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во 2018-тата година.

 

Како што пишува јужнокорејскиот дневник Electronic Times, компанијата Samsung во овој зафат ќе ја поддржи и Јужна Кореја со износ од 23 милиони евра, а ќе ја поддржат и уште неколку други компании.

Јужнокорејскиот производител има намера новата технологија да ја демонстрира на Зимската олимпијада во 2018-тата година, а како што се наведува на веб порталот zdnet.fr, нејзиното лансирање на пазарот е планирано за 2020-тата година.


– Иако многумина веројатно сметаат дека 11K се и тоа како далеку над потребните спецификации кои што им се потребни на потрошувачите, ова може да послужи како основа за корејската дисплеј индустрија за да направи уште еден голем чекор нанапред ако материјалите и деловите кои се поврзани во овој процес се подобрат во технолошка смисла, изјавил извршниот директор на Samsung Display.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *