Сега може да го користите Messenger и ако немате профил на FB
20 јули, 20150
Минатиот месец Facebook во неколку земји овозможи користење на апликацијата Messenger без подесување профил на оваа социјална мрежа.
Оваа опција беше достапна само во неколку земји, а од вчера може да ја користат сите корисници на светот.
– Возбуден сум да ја најавам можноста Facebook Messenger да го користат сите, и без профил на Фејсбук.
Оваа опција им е достапна на сите луѓе, пријавете се со својот телефонски број и испробајте ја, напишал Дејвид Маркус, член на Facebook Messenger тимот.