Внимавајте! Постојат мобилни апликации кои може да ве шпионираат!

9 ноември, 20150
7

Замислете некој да ве шпионира вас и вашите лични податоци преку мобилниот телефон, а за тоа да не сте ни свесни.

Една жена тврди дека и се случило токму тоа, па го пријавила својот поранешен сопруг дека во тајност на нејзиниот мобилен телефон инсталирал апликација со помош на која што можел да ја следи.

„Не знам дали ги гледа пораките што ги праќам или ги прислушкува моите телефонски разговори“, изјавила кога го пријавувала својот сопруг.

Иако звучи страшно, истражителот Брајан Хил, кој е специјализиран за дигитална форензика, појасни колку едноставно може да се направи тоа со помош на само две апликации – mSpy i FlexiSpy.

Апликациите се симнуваат од службените страни на производителите, и чинат околу 8 долари месечно, а неретко се користат поради „надгледување“ на деца или вработени. Доволно е да го искористите моментот на невнимание на сопственикот на мобилниот телефон и да инсталирате една од нив за да имате увид врз активностите на телефонот, како и движењето на личноста.

FlexiSpy е „користен“ за прислушкување на телефонски разговори, но потребно е подолго време за негово инсталирање. Двете компании напоменуваат дека корисниците на апликацијата, најпрво поради законот, би требало да користат надградба само на телефоните во нивна сопственост, на пример поради заштита на нивните деца, но јасно е дека може да се „злоупотреби“ предноста на ваквите апликации, применувајќи ја врз „потенцијално неверните“ партнери или „нелојалните работници“.

Интересно е тоа што ниту една од овие апликации не може да се пронајде на познатата платформа за продажба на Apple Store, или на Google Play.

Експертите за овој случај советуваат едноставно да внимавите вашиот телефон да биде секогаш со вас, или да активирате шифра за влез и да ја заштитите приватноста на тој начин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi