Ѝ кажала на нејзината баба дека сопругот ја изневерил и добила одговор на кој не се надевала

2 септември, 20151
5
Како реагирате на животните проблеми? Дали со секој нов проблем станувате поогорчени или едноставно не допуштате несреќата да ви го уништи духот? Една инспиративна вирална приказна која се шири на интернет ќе ви покаже како треба да се справите со сите препреки кои животот ви ги става на патот.

Една млада жена отишла кај нејзината баба и ѝ раскажувала за својот живот и за тоа колку ѝ е тешко. Сопругот ја изневерил и била многу разочарана. Не знаела како ќе го преживее сето тоа и сакала да се откаже од сè. Била уморна од борби. Ѝ се чинело дека во нејзиниот живот веднаш откако ќе реши некој проблем, се појавува нов.

Баба ѝ ја одвела во кујната. Наполнила три садови со вода и ги ставила на шпорет. Во првиот сад ставила морков, во вториот јајце, а во третиот мелено кафе. Ги оставила на шпоретот додека не зовреле. После дваесет минути го исклучила шпоретот. Ги извадила морковот, јајцето и кафето од садовите и ги послужила.

Се свртела кон својата внука и ја прашала: „Што гледаш?“
„Морков, јајце и кафе“, одговорила внуката.

Тогаш, бабата ѝ рекла да го допре морковот. Внуката го направила тоа и прокоментирала дека тој омекнал. Бабата побарала да го земе јајцето и да го искрши. Кога внуката ја извадила лушпата, го набљудувала тврдо свареното јајце. На крајот, бабата побарала од неа да испие голтка од кафето. Внуката се насмеала кога ја вкусила неговата богата арома.

Тогаш, внуката ја прашала бабата: Што значи сево ова?

Бабата ѝ објаснила дека секоја од овие работи била соочена со истата „катастрофа“ – врела вода. Но, секоја од нив реагирала различно. Морковот во водата влегол силен, тврд и непопустлив, а откако бил изложен на врелата вода омекнал и станал слаб. Јајцето било кршливо, неговата тенка лушпа ја штитела течната внатрешност, но после престојот во врелата вода, внатрешноста станала тврда.

Меѓутоа, кафето се однесувало уникатно. Имено, во текот на варењето, тоа ја променило водата.

„Што си ти? Кога проблемот ќе тропне на твојата врата, како реагираш? Дали си морков, јајце или кафе?“, ја прашала бабата внуката.

Размислете за ова. Што сте вие? Дали сте како морков кој навидум е силен, но соочени со болка станувате меки и ја губите својата сила?

Дали сте како јајце кое се менува поради топлината? Дали после некој проблем станувате груби и беспомошени? Дали вашата лушпа однадвор изгледа исто, но одвнатре станувате огорчени и имате тврдо срце?

Или, вие сте како кафето? Кафето ја променило водата, она што му донело болка. Кога водата ќе стане врела, кафето испушта мирис и вкус. Ако сте како кафе, кога работите ќе станат најлоши, вие станувате подобри и ја менувате ситуацијата околу себе. Кога болката е најтешка и проблемот е најлош, дали се воздигнувате на ново ниво?

Најсреќните луѓе не мора да значи дека го имале најдоброто од сè, тие само го направиле најдоброто од сè што им било дадено. Најсветлата иднина секогаш се темели на заборавеното минато и не можете да одите напред во животот ако зад себе не ги оставите сите неуспеси и болки.

Кога сте се родиле, вие сте плачеле, а сите околу вас се радувале. Живејте го вашиот живот така што на крајот вие ќе бидете оној кој се смее, а сите околу вас ќе плачат.

Ајде сите во животот да бидеме како кафето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *