ДА СЕ НАЕЖИШ: ДОБРОТО СО ДОБРО СЕ ВРАЌА – Поучна приказна

17 септември, 20151
2

Еден ден, едно сиромашно момче, коешто продавало разни нешта од врата на врата за да може да се школува, останало со само една паричка во својот џеб, а било многу гладно.
Тоа решило на следната врата да замоли за оброк. Како и да е, кога една прекрасна млада девојка му ја отворила вратата, тоа се засрамило и побарало само чаша вода. Кога го видела момчето, таа помислила дека мора да е многу гладно, и наместо вода, му донела голема чаша со млеко. Тој полека ја испил чашата, и потоа прашал:
„Колку ви должам?“
„Не ми должите ништо“ му одговорила таа „мајка ми нè научи никогаш да не примаме пари за нашата љубезност.“
Тој кажал:
„Тогаш, ви се заблагодарувам од сè срце.“
Како што Хауард Кели се оддалечувал од куќата, тој не само што се почувствувал посилен во снагата, туку и неговата вера во Бог и во луѓето исто така се утврдила и зајакнала. А веќе беше почнал да се откажува од неа.

Години подоцна, таа млада жена тешко се разболела. Локалните лекари биле збунети и не знаеле што да прават, и најпосле ја испратиле во големиот град, каде што повикале специјалисти да ја проучат нејзината ретка болест. Др. Хауард Кели бил повикан за консултација. Кога го слушнал името на градот од каде дошла болната, очите му засветлиле со чуден сјај. Во истиот миг станал и низ болничкиот ходник се упатил право во нејзината соба, облечен во својот докторски мантил. Веднаш ја препознал. Се вратил назад во кабинетот за консултации решен да стори сè што може да го спаси нејзиниот живот. Оттогаш, тој на случајот му посветил посебно внимание.
После долга борба, битката најпосле била добиена. Др. Кели побарал од одделот за финансии да му ја донесат конечната сметка за тој да ја потпише. Погледнал во сметката, и потоа напишал нешто на крајот и сметката била испратена во собата на пациентот. Жената се плашела да ја отвори, бидејќи била сигурна дека цел живот ќе треба да ја исплаќа. Најпосле таа погледнала, и нешто на крајот од сметката ѝ го привлекло погледот. Почнала да ги чита следниве зборови: ИСПЛАТЕНО ЦЕЛОСНО СО ЕДНА ЧАША МЛЕКО

One comment

  • Hristijan Cekovski

    8 април, 2016 at 15:28

    Зошто баш јас?

    Во едно преубаво мирно маaло во западна Америка каде пролета штотуку беше дојдена, каде сите дворови покрај улицата беа украсени со преубава зелена трева, разноразни пролетни убавини од цветови, низ таа улица движеше едно момче на возраст од четиринаесет години, едни од најубавите години во нашиот живот. Тоа момче беше многу убаво со кадрава коса која му завршуваше со шишките над прекрасните светло кафеави очи и кое на себе носеше еден преубав кафеав џемпер, а на ушите имаше ставено некој слушалки и од својот мобилен телефон слушаше музика. Така полека тоа момче движеше накај училиштето секој ден. Кога тоа момче ќе престигнеше таму сите девојки гледаа во него, сите го посакуваа ама тој на ниедна не и обрнуваше внимание, зошто секогаш беше тажен, секогаш и секаде одеше и беше сам. Тој немаше ни голем круг на пријатели освен своите роднини, и неговиот сосед со кој заедно порасна Самуел. Тој ден тој беше сам затоа што Самуел беше настинат и реши да не оди на училиште. Сите девојки му се чудеа зошто толку убав и згоден дечко несака да излезе со девојка, многумина од нив на моменти се шегуваа и си помислуваа дека можеби тој сака машки, но сепак зад сето тоа постоеше нешто сосема друго, нешто што го знаеа само татко му и мајка му на Крис и тој самиот.
    Крис само кон една девојка обрнуваше внимание затоа што таа за него беше една посебна девојка која се разликуваше од сите други во неговата гимназија. Поседуваше преголема добрина во себе, никогаш никому не го исмеваше и секогаш помагаше и имаше разбирање за сите, е токму затоа што не беше како останатите Крис ја сакаше токму Џенифер, а секако и таа беше заљубена во него.
    – Здраво Крис, како си? – го поздрави таа.
    – Добро еве дојдов на училиште. – и се поднасмеја, и и возврати тој.
    – Каде одиш попладнево?
    – Не знам најверојатно дома. – и се поднасмеја.
    Потоа влезе пофесорката и го започна предавањето, а цело тоа време додека траеа часовите Крис и Џенифер се погледнуваа и си разменуваа насмевки, а одкако завршија со часовите Џенифер го пристигна Крис, и го повика да одаат на ридот да се прошетаат на тој убав сончев ден, а Крис малку се мислеше, па потоа се согласи.
    Кога отидо на ридот разговараа на многу теми, а кога Џенифер го праша зошто секогаш е сам и тажен тој се сврте и не сакаше да и одговори, па во еден момент таа му призна дека е вљубена во него, кога тргна да го бакне тој ја сврте главата и и подвикна:
    – Џенифер те молам немој, не смеме да го правиме тоа, најдборо заборавиме додека е време и најди си некој што ќе те усреќи во иднина! – потоа со слози во очите се стрча надолу по врлото. Плачеше цел пат до дома, а кога влезе внатре, веднаш се стрча по скалите нагоре и се затвори во својата соба.
    – Боже господе кажи ми што ти згрешив баш јас, зарем од толку многу луѓе ти ме одбра мене. Зарем несакам и јас да го живема овој убав живот, да и кажам на Џенифер колку многу и јас ја сакам, ама ете врзан сум и неможам, затоа што само ќе ја растажам, а јас не сакам никој да тагува по мене, и да ме ме сожалува.
    После таа случка Крис се повеќе се одалечуваше од Џенифер. Повеќе дури и не и правеше муабет, а таа никогаш не сфати зошто го прави сето тоа се до денот кога сите беа шокирани и тажни.
    По една години рано наутро кога сонцето го разгреваше тоа истот мало во куќата на Крис се слушаа плачови, мајка му, татко му, другар му Самуел и Џенифер толку многу плачеа и викаа по него, но тој само лежеше и не им возвраќаше. Не им возвраќаше затоа што повеќе не беше со нив, тој беше заминат на небото и од таму ги гледаше.
    Крис немаше пријатели, не сакаше да и каже на Џенифер колку многу ја сака, и плачеше и го прашуваше бога зошто баш тој морал да биде тој што ќе умре на малди години затоа што тој болдуваше од црната чума наречена „ Рак “и знаеше дека наскоро ќе си замине од овој свет. Токму затоа беше тажен, осамен, затоа што не сакаше да знае дека еден ден можеби од другата страна луѓето кој ги сака ќе ги гледа тажни.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi