Има само 6 години а готви, пере, чисти и цело семејство зависи од неа!

5 март, 20150
Има само 6 години а готви, пере, чисти и цело семејство зависи од неа!

Како најстара од трите деца, Лили-Киртин Гросман готви, чисти и и помага на нејзината мајка Сара кој страда од сколиоза.

По припремањето на садовите за вечерата, шест годишната Лили загрева две шишиња млеко, ги става да се мијат додека чекаат да се огласи микробрановата за вечера. Потоа внимателно носи млеко на спратот и им помага на својот помлад брат и сестра Тајлер и Кајли да ги облечат пижамите. Покрај тоа, Лили знае да подготвува пити, внимателно да користи нож, но, исто така, да одвојува бели од обоени алишта во машината за перење алишта.

Мајката на Лили – Сара, има сколиоза – болест која го искривува ‘рбетот.Потребен и е стап за да може да оди, и во нормалниот живот и помагаат лекови против болки, бидејќи е во постојана агонија. Во прилог на овие болести, Сара има биполарно растројство.

Тригодишниот брат на Лили е Тајлер кој има медицинска состојба на намален дефицит на внимание, хиперактивност, и има аутизам. Покрај него, таа се грижи и за две-годишната сестра Кајли.

“Мама ме буди секое утро во седум. Се разбира дека сум уморна, но морам да станам и да се облечам и потоа и помогнам на Кајли. Им спремам појадок на Кајли и Тејлор. Кога ќе завршат со јадењето на доручекот, понекогаш ја капам мајка ми, зависно од тоа како се чувствува тој ден и дали може да биде сама да се облече. Потоа одам на училиште “

https://www.youtube.com/watch?v=LYv2xtRHy_I

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *