Карма – типот кој ме турна во метрото и ми рече да се е*ам штотуку влезе на интервју за работа. Кај мене!

23 февруари, 20150
21

Откако ќе ја прочитате оваа приказна два пати ќе размислите пред да пцуете некого на улица. Еден дечко можеби токму тој недостаток на елементарна љубезност го чинел работа.

Мет Бакланд се возел со метро кога пред него се истуркал нервозен патник, го закачил и почнал да го пцуе во преполниот вагон во понеделникот наутро.

“Мислам дека веруваше дека намерно му стоев на патот, а јас пропуштав една жена. Се симнавме на истата станица и ми рече да се е*ам, што е добра препорака, но не пред првото кафе утрото”, се пошегува Бакленд.

Кога пристигнал на работа му било кажано дека некој пристигнал на разговор за работа. Тоа бил истиот дечко од метрото. Немал ни појма дека го пцуе шефот на човечки ресурси во компанијата каде конкурирал за работа.

Кога оваа кармичка случајност Мет ја споделил на Твитер, твитот му беше споделен дури 15.000 пати.

“Карма – типот кој ме турна во метрото и ми рече да се е*ам штотуку влезе на интервју за работа. Кај мене!”, напиша Мет.

Несреќниот кандидат не сфатил веднаш со кој си има работа, а Мет го зафркавал.

“Мислам дека сфати откако забележа дека прашањата ми беа поврзани за случката од метрото”, раскажува Мет.

На крајот и двајцата слатко се изнасмеале на оваа случајност. Но, кандидатот сепак не ја добил работата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *