Најдобрата одмазда е да не се одмаздуваш

28 август, 20150
18

Најдобрата одмазда е да не се одмаздуваш, но ретко кој се сетил на ова бидејќи сите се преокупирани со враќање на лошото со лошо, наместо со индиферентност.

Доколку и вие сте едни од оние луѓе кои тешко прифаќаат пораз, навреда, удар, понижување и слично, време е да дознаете како на правилен начин да справите со сите тие глупави работи.

Ова отворено писмо ќе ви ги отвори очите и срцето кое ќе престане да се одмаздува секому и ќе почне да чука само за себе, бидејќи никој не живее за вас, ничие срце не чука за вас, освен вашето.

“Ти, тебе ти се обраќам.

Зарем твоето време не ти е драгоцено? Запрашај се искрено иако мислам дека ќе одговориш потврдно, сепак вистината е спротивна штом си решил да се одмаздуваш за сè и сешто.

Штом кажуваш дека времето ти е драгоцено, не троши го на невредни работи, како што е омраза, враќање, одмаздување, повредување, правење на лоши дела.

Остави кармата да ја завршува секоја валкана работа за тебе, рацете држи ги чисти, верувај таа ќе ти биде верен слуга, во добро и во лошо, никогаш нема да те остави.

Запомни дека секоја навреда, удар, одмазда, пораз, понижување или било што кое ти ја повредило гордоста, образот или егото не се вредни за да ти ја повредат душата.

Сето тоа ќе те повреди само доколку ти го прифатиш како твоја одлика, твоја карактеристика, твоја вистина.

Ако го отфрлиш од твојата глава, ќе исчезне, а ти ќе бидеш слободен, како ништо да не се случило.

Ете тоа е тоа што ќе го убие твојот непријател, тоа е она што ќе го извади од кожа, кога ти ќе испаднеш поголем човек од него, бидејќи знаеш како викаат попаметниот на будалиот секогаш му попушта.

Попуштај бидејќи си попаметен, но не секогаш, кога имаш прилика за одбрана брани се се додека не изгубиш или победиш.

Откако ќе изгубиш или победиш, секогаш размислувај со бистра глава, не дозволувај победата да ти удри во неа, а поразот во душата, бидејќи во тој случај ти си оној будалиот.

Одмаздата е за слабите, но за оние слабите во психичка смисла бидејќи доколку си доволно паметен и силен ти не мора да се одмаздуваш, знаеш дека кога тогаш секој си го добива заслуженото.

Остави да си го добие, наместо да му го дадеш ти, а подоцна самиот да си го добиеш твоето од превземената акција и така ќе се вртиш во кругот на твојата одмазда.

Ти си слободен човек кој не треба да си го преокупира мозокот со навреди, потсмевања, плукања и хејтање од страна на околината, слушај се себеси, не слушај ги нив.

Запомни дека успехот е најдобра одмазда, фокусирај се на успех наместо на одмазда, само така ќе им се одмаздиш на сите без директно да им се одмаздиш.“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi