„Не ја гледај сопругата на пријателот“: Ова се десетте мафијашки заповеди!

4 ноември, 20150
1

Кога во 2007 година италијанската полиција го уапсила босот на сицилијанската мафија Коза Ностра, Салваторе Ло Пиколо, меѓу документите пронашла и „Десет мафијашки заповеди“.

Заедно со заповедите, полицијата пронашла и слика со опис на мафијашки ритуал.

– Се колнам дека ќе бидам верен на Коза Ностра. Ако ја издадам, нека моето месо изгори, како и оваа слика, пишувало.

Во прдолжение прочитајте ги десетте мафијашки заповеди:

1. Никој не може директно да се претстави на некој од нашите пријатели. Тоа мора да го направи трето лице

2. Не ја гледај сопругата на пријателот

3. Не смееш да бидеш виден со полицајци

4. Не оди во пабови и клубови

5. Секогаш биди на располагање на Коза Ностра, дури и ако твојата сопруга се породува

6. На состаноците мора да се доаѓа

7. Кон жените однесувај се со почит

8. Одговорите на прашањата за информациите мора да бидат вистинити

9. Парите кои им припаѓаат на други или други семејства не можат да се земат

10. Луѓето кои имаат близок роднина во полиција, кои се однесуваат лошо и не се држат до моралните вредности, не можат да бидат членови на Коза Ностра

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *