Не сте должни никому!

16 април, 20150
8

Сите сме чувствувале или чувствуваме притисок, свесно или несвесно, па затоа постапуваме на одреден начин, пред најблиските и пријателите.

Често тие се оние кои сметаат дека знаат подобро од нас самите за она што е најдобро за нас. Запомнете дека, сепак, …

1. Не должите објаснување на никого за начинот на кој живеете.

Не е важно како живеете, дали имате цимери, дали живеете сами, дали имате партнер со кого споделувате заеднички дом без да сте во брак … или живеете заедно, без да имате врска … Не мора да објаснувате ништо на никого . Не е потребно да се правдате за вашиот избор. Тоа е вашиот  живот, не нивниот!

2. Не должите објаснување на никого за приоритетите во животот.

Сакате да  дадете отказ, за да создадете свој бизнис? Или сакате да распродадете сè и да станете волонтер на Црвениот крст? Уште не сте семеен човек, бидејќи пред тоа сакате да изградите кариера? Или ќе и свртите грб на кариерата поради своите деца? Приоритетите се ваши. Не треба да се обидувате да импресионирате никого. Ниту да ги почитувате туѓите претстави за приоритети.

3. Не должите објаснување на никого за кариерата.

Кога се носи одлука во која насока да тргнете, не се придржувајте до мислењето на другите. И не се правдајте. Слушајте го внатрешниот глас. Само тој е важен!

4. Не му должите извинување на никого, кога всушност не жалите.

Ако сте направиле нешто што некој не го одобрува, но вие самите не доживувате жал за својата постапка, не се извинувајте излишно. Извинувањето треба да ја поправа грешката, а вие не мислите дека сте погрешиле, нели? Запомнете дека чесноста пред себе е поважна од желбата да му угодите на егото на другиот.

5. Не должите објаснување на никого, ако имате потреба од време само за себе.

Ако сакате да останете сам со себе, тоа не значи дека сте груби, затворени или се држите непријателски. Едноставно ви треба малку време насамо. Не обидувајте се да ја објасните оваа потреба. Нема смисла.

6. Не сте обврзани да се согласувате со убедувањата на другите.

Кога некој  споделува убедувања, тоа често е знак за доверба, која треба да биде оценета. Човекот отвора пред вас прозорче кон душата и кон својот светоглед. Но, тоа не е причина да се согласите со другиот и да ги прифатите неговите убедувања.

7. Не сте обврзани секогаш да кажете “да”.

Навистина, понекогаш е ризично да кажеш “не”, но и покрај тоа треба да го направите, ако внатрешниот глас ви кажува дека едно “да” ќе го задоволи другиот, но ќе ве жртвува вас. Запознајте се со границите и не дозволувајте другите да ги поминат. Освен ако вие не ги поканите.

8. Не должите објаснување на никого за начинот на кој изгледате.

Ако сте ослабеле или сте подебели, ако сте ја смениле бојата на косата или што и да е, не треба да давате отчет пред никого. Тоа сте само вие. Нивна работа е да ве прифатат, не ваша.

9. Не должам објаснување на никого за својата врска.

Склони сте да му простите? Се смиривте со поранешната сопруга? Одбивте предлог за брак? Тоа се одлуки донесени од вас кои влијаат единствено и само на вас. Не дозволувајте другите да ви се мешаат и не се објаснувајте пред нив.

10. Не должите објаснување на никого за ставот кон бракот.

Сакате да се ожените месец откако сте се запознале? Или воопшто не сакате брак? Тоа си е ваше право. Одговарате само пред себе, не го заборавајте тоа.

11. Не должите објаснување на никого за тоа што се раскинале.

Не е важно дали сте биле причината вие или другиот. Сами сте. Не се извинувајте и правдајте. Научете да живеете така што ќе ви биде добро со самите вас. Немојте да бидете жртва на притисокот на останатите да си најдете нова врска. Ќе го направите тоа, тогаш кога ќе посакате. И ако побарате.

Не обидувајте се да го живеете својот живот така што да им се допаднете на останатите. Најважно е да си се допаѓате самите на себе и се разбира одговорно да застанете зад сите ваши одлуки, колку и да биле погрешни. Се разбира, бидете отворени секогаш за добронамерен совет, што можеби ќе ви поттикне нов видик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi