Поучна приказна: Старецот и дрвената чинија

28 јули, 20150
3

Си бил еден старец кој живеел со синот, снаата и внукот…

Кога западнал во длабока старост веќе не бил во состојба нормално да јаде, бидејќи рацете му се треселе , поради што понекогаш му испаѓала храната од раце.

Еден ден на старецот му паднала и чинијата со храната од раце и се скршила, поради што снаата силно се налутила и побарала од сопругот да пронајде некое решение.

Синот размислил, па одлучил на својот татко да му направи чинија од дрво, за да не му паѓа храната по масата. Почнале да го тераат старецот да јаде сам, одвоен од семејството. Старецот бил толку тажен поради чувството дека е отфрлен на стари денови и присилен да јаде сам додека сите други членови на семејството јадат заедно на маса.

Како што одминувало времето се зголемувале и забраните наметнати на старецот од страна на неговиот син и снаата, и не можел веќе да ги поднесе…

По неколку месеци старецот починал. Кога обредот на испраќање од него бил завршен, сопружниците сакале да се решат од сите негови работи и решиле да ги подарат на сиромашните или да ги фрлат. Одеднаш дотрчал внукот и ја зел дрвената чинија на неговиот дедо, па татко му го прашал: „Зошто ќе ти е дрвената чинија? Што ќе правиш со неа?“. На тоа момчето му одговорило: „Сакам да ја зачувам за да можам да те хранам тебе или мајка ми кога ќе остарите како дедо“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi