Сè што ќе направиш, ќе ти се врати, без исклучок

29 септември, 20150
6

Мајка на четири деца, која водела тешка битка со ракот, на смртната постела напишала 20 совети за среќен живот: Сè што ќе направиш, ќе ти се врати, без исклучок; Грижата е само губење на енергијата;  Љубовта не боли, напротив, чувството е одлично…

Сопругот на Анмари Џејмс Томас ја опишал како жена со несовладлив дух, а за нејзиниот позитивен однос кон животот, наспроти тоа што умрела од рак на 44 години, најдобро зборува пораката што му ја оставила на своето семејство.

Во ова проштално писмо, напишано после двегодишна борба со болеста, откако сфатила дека не ѝ останало многу време, Анмари, која е сопруга и мајка на четири синови од 13 до 22 години, им напишала 20 совети за среќа:

1. Сè што ќе направиш, ќе ти се врати, без исклучок.

2. Сам си ја пишуваш судбината. Не дозволувај другите да го прават тоа место тебе.

3. Сè што некој направил во минатото нема никаква моќ над тебе, освен ако ти не дозволиш.

4. Кога луѓето ти покажуваат какви се навистина, верувај на тој впечаток.

5. Грижата е губење време и енергија. Подобро искористете ја за да направите нешто во врска со проблемот што го имате.

6. Она во што веруваш е помоќно од она што  го сонуваш или што го посакуваш. Секогаш ќе станеш она во што веруваш.

7. Ако единствена молитва која ја изговараш е најобично „Фала“, и тоа е доволно.

8. Среќата која ја чувствуваш е пропорционална со љубовта која ја даваш.

9. Својот неуспех, понекогаш искористи го за да тргнеш во друг правец.

10. Ако направиш избор кој е спротивен на оној што го прават другите, нема да се распадне светот поради тоа.

11. Верувај им на инстинктите. Интуицијата никогаш не лаже.

12. Сакај се себе и научи таа љубов да ја насочуваш и кон другите.

13. Во работата нека те води страста.

14. Љубовта не боли. Напротив, тоа е прекрасно чувство.

15. Секој ден е можност да се почне од почеток.

16. Сомнежот е сигнал за твоето НЕ. Ако се сомневаш, не брзај, размисли подобро.

17. Кога не знаеш што да направиш, биди трпелив и мирен. Одговорот сам ќе ти се јави.

18. Ништо лошо не трае вечно.

19. И ова ќе помине.

20. Биди секогаш верен на себеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi