Тест: Што би направиле во оваа хорор ситуација?

15 мај, 20150
17

Без разлика дали ги сакаме хорор филмовите или не, сите сме биле во можност да изгледаме барем еден. Кога го гледаме главниот јунак како чекори низ темен ходник, добиваме нагон да му викнеме: „Не влегувај таму, дали си луд?!“

Но, што би направиле вие да сте на негово место? Патувањето што следува ќе ве однесе во темниот свет, во кој ќе откриете многу работи за вас.

Да започнеме!

1. Се наоѓате во стара напуштена зграда, зграда во која никој нема стапнато со години. Откривате скали кои водат кон подрумот. Полека се симнувате по нив, ги броите една по една. Колку вкупно скали поминувате за да стигнете до подрумот?

2. Стигнувате во подрумската просторија и таа е потполно темна. Ненадејно, од темнината, слушате дека некој испушта звуци. Дали е тоа некое тивко офкање? Неразбирливо мумлање? Дали ви се обраќа вам?

3. Каква е вашата реакција на тие звуци? Дали се обидувате да ја пронајдете таа личност? Дали инстинктивно почнувате да бегате по скалите? Или се вкочанивте од страв и не можете да се помрднете од место?

4. Сега слушате како некоја позната личност ве повикува и се симнува по скалите, па успевате да ја здогледате. Која е таа личност која се симнува по скалите?

Толкување:

Напуштените згради и подземни простории се јасни симболи за непријатни спомени и стари ментални лузни. Вашите одговори откриваат како се борите со старите спомени од минатото.

1. Бројот на скалите до дното укажува на тоа колку на вас влијаат лузните од минатото. Оние кои замислиле долги скалила носат длабоко врежани рани од минатото.

2. Звуците кои сте ги слушнале откриваат во која мера и на кој начин сте се извлекле од тие болни искуства од минатото. Оние кои слушаат плач, тоа се оние кои другите ги тешеле во тие тешки моменти и со чија помош успеале да ги пребродат. Оние кои слушаат неразбирливо мумлање , најверојатно низ тешките времиња минувале сами. Мумлањето кое го слушате во темницата е ваша длабоко закопана болка. Можеби дошло време да ја откорнете вратата и да дозволите сонцето да влезе во просторијата и да ве осветли. Оние кои слушнале дека некој им се браќа спаѓаат во лицата кои своите лузни ги носат како медал околу вратот. Ниче рекол: „Она што нема да те убие, те прави посилен.“ Вие сте проповедник на оваа филозофија.

3. Вашата реакција на звуците во темницата покажуваат како вие реагирате на болните ситуации од минатото. Доколку сте тргнале да откриете од каде доаѓа тој звук, најверојатно имате иницијативна природа и во вашето секојдневие. Соочувајќи се со проблемите, кога-тогаш сигурно ќе најдете соодветни решенија. Оние кои веднаш избегале по скалите, претставуваат личности кои се познати по тоа што ги игнорираат проблемите, очекувајќи дека ќе исчезнат сами од себе. Во случај да сте се вкочаниле во место од страв, можно е да имате нерешени проблеми од вашето минато кои ве мачат и не ви дозволуваат да напредувате во животот.

4. Личноста која ви се појавува на врвот од скалите и ве повикува е онаа личност на која можете да се потпрете кога имате проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *