Веќе немам трпение за некои работи во животот, но, најмногу од сè немам трпение за никој кој не го заслужува моето трпение!

27 март, 20150
19

Отвореното писмо на Мерил Стрип носи силна порака, која допира до многумина и во која може да се пронајдете или да ја примените.

Време е да престанете да го трошите залудно времето и трпението, како што и таа одлучила да престане:

„Веќе немам трпение за некои работи во животот. Не затоа што станав арогантна, туку едноставно, затоа што дојдов до таа точка кога веќе не сакам да губам време на работи кои ме прават незадоволна или тажна.

Немам веќе трпение за цинизам, претеран критицизам или какви било барања.

Изгубив волја за да ги задоволувам оние кои не ме ценат. Немам љубов за оние кои не ме сакаат и не сакам да им се насмеам на оние кои не ми се насмевнуваат мене.

Не трошам веќе ни секунда на оние кои ме лажат или се обидуваат да ме манипулираат. Не сакам веќе да бидам во близина на оние кои се преправаат, кои се нечесни и површни.

Не ја толерирам академската ароганција и не ја прифаќам популарната тривијалност. Мразам конфликти и споредби.

Верувам во светот на спротивности и затоа избегнувам луѓе со крути ставови и нефлексибилност.

Во пријателството не толерирам недостаток на верност. Не се сложувам со оние кои не знаат да дадат комплимент или збор за охрабрување. Тешко ми е да ги сфатам луѓето кои не сакаат животни.

Но, најмногу од сè немам трпение за никој кој не го заслужува моето трпение!“

Мерил Стрип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi