„За луѓето за кои постојам од време на време, јас немам време“

23 јули, 20150
8

Алфредо Џејмс Пачино, познат само како Ал Пачино, е американски актер. Целиот свој живот Ал Пачино се растргнува меѓу филмот и театарот, но неоспорен е фактот дека филмските инкарнации го величаат низ целиот свет.

Да погледнеме девет цитати од необичниот Ал Пачино:

1. Да ти одговорам зошто човек станува бесчувствителен и циничен? Поради тоа што го предавале, го измамиле и замениле за други луѓе, додека тој бил подготвен да дава, ако не сè, тогаш премногу.

2. Животот е патување со воз. Прво поминуваш низ долг тунел, без да знаеш каде води тој. Потоа, некаде кон 50-ите, возот излегува од тунелот на светлина и во далечината гледаш голема планина. Јас веќе видов планина. Тоа е страшно чувство кое ја замрзнува крвта.

3. Лесно е да се измами окото, но тешко е да се измами срцето.

4. Најтешкото нешто во тоа да бидеш познат, е тоа што луѓето се секогаш согласни. Водиш разговор и секој се согласува со она што го зборуваш – дури и кога зборуваш глупости.

5. Секогаш ја кажувам вистината, освен во случаите кога лажам.

6. Целата работа кај ѕвездите е тоа што тие се издигнуваат накаде нагоре и стануваш ѕвезда, а потоа суперѕвезда. Што потоа? Остануваш некаде погоре, надвор од близината на останатите. Ова може да се покаже како тажно.

7.  За луѓето за кои постојам од време на време, јас немам време.

8. Се надевам дека луѓето ме гледаат како актер. Никогаш не сум сакал да бидам филмска ѕвезда.

9 . Кога работи, човек престанува да им се покажува и докажува на другите. Кога човек е силен, тој зрачи со мир и не влегува во непотребни битки. Кога ќе престане да се грижи за сегашноста, престанува да биде опседнат. Тогаш човекот станува самостоен, се надева на верата во себе, знае на што е способен и не треба да ги убедува другите да веруваат во него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi