Здраво јас сум судбината, решив да ти го кажам ова…

5 септември, 20150
16

Нешто што вреди да се прочита.

Здраво, јас сум Судбината . Решив да ти пишувам, бидејќи од неодамна често се сомневаш во мене и во моите планови за тебе. Знам дека се прашуваш зошто ти се случува сето ова, па еве го мојот одговор: само така ќе станеш човекот, кој стануваш во моментов . Само така ќе ја откриеш силата скриена во тебе. Само така ќе ја осознаеш големината на умот и убавината на душата.

Требаше да се соочиш со некои од стравовите, за да видиш дека може да се оди преку нив. Зашто човекот е создаден така. Да се плаши се од сè. Од неуспехот. Од загубата. Од болката. Од самиот страв. Додека не се соочи лице в лице со него, да го пречека, да го победи и да продолжи . Но ти ги научи лекциите, нели?

Требаше да ти го повредат срцето, за да се научиш да ги чуваш срцата на луѓето. Зашто човекот се одржува така – предизвикува болка додека не почувствува болка. Повредува, додека не го ранат. Го врти грбот на другите, додека на него не му свртат  грб . Но ти ги научи лекциите, нели?

Требаше да изгубиш некои од пријателите, за да се научиш да ги цениш оние кои останаа. Зашто човекот живее така. Заборава да се грижи за своите пријатели. Заборава да им се јави. Заборава да се гледа со нив. Заборава да ги прашува како се. Ги заменува со нови, а потоа и нив ги заменува со нови. Додека конечно не сфати дека веќе нема вистински пријатели . Но ти ги научи лекциите, нели?

Требаше да искусиш разочарување , за да започнеш да уживаш целосно во радоста и среќата. Зашто човекот живее така. Вечно да е незадоволен. Вечно да се фокусира на работите кои ги нема. Додека во неговиот живот не се појават вистински проблеми. Додека не му се наметне да совладува вистинска драма. Тогаш им го отстапува местото на најзначајните нешта . Тогаш ја гледа и оценува убавината на сончевиот ден, на прошетката во паркот, на убавата книга, на убавиот сон, на заедничката чаша вино. Но ти ги научи лекциите, нели?

Требаше да те разделам од некои соништа, за да тргнеш по патот кој ти претстои и да го освоиш. Зашто човекот живее така. Споредувајќи го својот живот со оној на другите. Ги споредува успесите со оние на другите. Ја споредува среќата со таа на другите. Става цели кои не се неговите цели. Води битки кои не се неговите битки. Црта патишта кои не се неговите патишта. Додека не сфати дека е залудно потрошено време во обид да живее туѓ живот , да се бори за нечија победа, да живее нечиј сон. Но ти ги научи лекциите, нели?

И ете тие денес се тука. Го читаш ова писмо и го гледаш животот како на филмска лента. Веќе знаеш што сакаш вистински. Веќе знаеш што заслужуваш . Веќе знаеш на што си способен и за што си роден! Не жали за ништо. Не страдај за ништо. Минатото се случи, за да ја формира сегашноста, а сегашноста ќе ја формира иднината.

Затоа: живеј мудро, спомнувај си на лекциите и грижи се за себе. И не заборавај, мисијата ти е една – да бидеш среќен ! Почни уште од денес!

И запомни: ти можеби не веруваш во мене, но јас верувам во тебе !

Со љубов,
Судбината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi