Магија: Пустина која станува прашума преку ноќ

22 ноември, 20150
13
Оман чува една од најинтересните тајни на природата – пустина која станува прашума буквално преку ноќ. Оваа земја е исклучително сува во текот на девет месеци, а поради недостатокот на врнежи и многу високите температури се прави пустина. А потоа, кога ќе почне сезоната на монсуни, овде три месеци цвета најбујната вегетација, а некаде се појавуваат и водопади.


Од крајот на јули до почетокот на септември оваа земја во целост го менува изгледот. Таму каде што претходно имало песок и суви камења, се јавува разновидна вегетација, а заедно со растенијата и дрвата, остануваат и камилите. Овој феномен се нарекува Салалах монсун.


Имено, сотиците камили кои живеат овде, уживаат во пријатните температури, кои во овој период паѓаат од врелите 50 степени на прекрасни 20. Заедно со падот на температурата, доаѓа и до големи дождови, па се прават езера и – водопади.

 


Во текот на девет месеци овде нема ни капка вода. Пустината нема ниедна река ниту езеро, но затоа во август се појавуваат овие прекрасни оази.


Овој феномен се јавува во крајбрежниот појас на Оман, а луѓето кои живеат овде велат дека маглата понекогаш е толку густа, што не се гледа прст пред око. Цела спротивност на пустината која се наоѓа тука преостанатите девет месеци.

Ендрју Андерсон, пејзажен архитект од Оман рекол за CNN дека ова е вистинско светско чудо.


„Девет месеци овде е пустина, но за време на сезоната на монсуни се претвора во вистинска тропска шума, со густа вегетација и многу влага. Науката ова го нарекува ’облачна шума’, но ова е единственото место на светот каде што таква шума се појавува во пустина“, рекол тој.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *