Малдиви – сета магија собрана на едно место
Jumeirah Hotels & Resorts е преубаво местенце отворено од неодамна кое што се наоѓа на прекрасните Малдиви.
Овој ресорт содржи вили и апартмани (вкупно 91) од кои сите имаат приватен базен, директен пристап до плажата и лагуната, како и приватна соба за масажа. Во најголемиот апартман на овој преубав луксузен хотел има три спални соби, два базена, надворешен простор за седење, туш и спа. Во описот на хотелот пишува:
„Ние сме елеганте хотел со прекрасен допир и можност за сето она што го посакувате во животот, па доколку сакате совршено и магично бегство на нашиот остров, тогаш тоа треба да ги вклучува и сите деликатеси што можете да си ги дозволите.“ Па доколку сте расположени за едно вакво бегство и еден ваков преубав одмор треба да знаете дека цената за ноќевање се движи некаде помеѓу 1.143 и 10.000 долари. Расположни сте за резервација? 🙂