Најдобрите плажи на Албанското крајбрежје

30 јуни, 20150
8

Со модернизацијата на Албанија сè почесто се одлучуваме да го поминиме годишниот одмор на Албанското крајбрежје. Ако до сега не сте биле, верувајте дека ќе се изненадите од тоа колку напреднале, а ако сте биле порано ќе забележите дека има изградено уште многу работи. Туризмот веќе е добро развиен, а цените се мошне достапни и за нашиот стандард. Токму затоа ви ги претставуваме најдобрите плажи на Албанското крајбрежје.

Паласа

Ова е совршена плажа за кампери, затоа што во близина постои кампинг место, кое што е мошне потивко од бучните градови. Плажата е долга и исполнета со бел песок, а на самата плажа може да најдете кафе-барови, пицерии и ноќни барови.

Дерми

Плажата Дерми е една од најпознатите во Албанија, долга неколку метри и прикриена со бел камен. Низ текот на годината е тивко место, а во лето знае да биде многу бучно. Но, плажата е доволно долга што секој турист може да си го најде местото кое му одговара.

Ксамил

Јужно од Саранда, Ксамил е неофицијалниот главен град на Албанското крајбрежје. Во близина се наоѓаат три мали острови каде што се упатуваат бродови и пливачи. Ова е најблиската точка со грчкиот остров Крф, кој може да се види во далечината.

Бунец

Оваа плажа е тивка и необична, поделена со река чие течение доаѓа од планините. Но, овде заоѓањето на сонцето мора да се доживее. Тивкото попладне на оваа плажа е за некој кој навистина сака да се одмори од секојдневниот живот.

Химара

Овој град има многу нови градби и е меѓу омилените градови на туристите. Во близина на градот, на оддалеченост од 3км се наоѓа плажата Ливадија, широка и долга, со чиста вода за пливање. Но и плажата во градот Химара ветува многу, па не ја пропуштајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *