Најубавите острови во светот

12 мај, 20150
7
Често можеме да прочитаме како Бил Гејтс, Џорџ Клуни и останатите богати и славни личности од сите страни на светот си дозволиле одмор на скапи, познати и прекрасни места, и затоа ве водиме на некои од нив. Секако, само виртуелно, но можеби читајќи го ова и ќе се заљубите…

Тахити


Ова чудо се наоѓа во Француска Полинезија, а покрај прекрасните плажи може да појдете и на планинарење, со оглед на тоа што највисокиот врв на островот е висок 2.241 метри. Разно овошје, кокос и рум ви се на дофат на рацете на целиот остров. Покрај уживање во сонцето, морето, планинарење и нуркање, на Тахити може ќе најдете и инспирација како, како на пример познатиот сликар Пол Гоген, кој живеел таму.

Миконос

Тешко е со зборови да се опише овој прекрасен грчки остров, а уште е потешко да се направи листа на сите богаташи кои таму поминале годишен одмор. Најважното место на островот се нарекува Кора и покрај него поминуваат сите рибарски бродови кои доаѓаат на овој остров. Миконос е познат и по извонредниот ноќен живот, па така го има добиено и прекарот „Грчка Ибица“.

Сејшели

Еден од најлуксузните светски острови го пронашол своето место во Индискиот океан. Пред се`, ова е туристичка земја, затоа што туризмот вработува 30% од жителите и учествува со 70% во приходот на земјата. Најголемиот остров во Сејшели е Махе, кој е познат и по легендата за закопаното богатство. Ако имате авантуристички дух, може да направите долги прошетки и да го побарате богатството, а ако не, уживајте во убавината и белиот песок на Сејшели.
 


Капри

Овој италијански остров се наоѓа на јужната страна на заливот од Наполи. До него се доаѓа исклучиво со брод, а убавината на Капри ја сочинуваат мистериозни пештери и прекрасни плажи. Од 50-тите години на 20-тиот век, Капри станал омилена дестинација на меѓународниот џет-сет, што продолжило и до ден денес. На островот ќе наидете и на оригинална, селска архитектура, но и на многу скапи ресторани и луксузни продавници.

Нантукет

Тука сме и на Атлантикот. Нантукет се наоѓа на 50 километри од брегот на САД. Има 10.000 жители, но преку лето тој број се зголемува за пет пати. Целиот остров го покрива историскиот округ Нантукет, кој воедно е и национална историска знаменитост. До островот може да се стигне и со авион, со оглед на тоа што таму има аеродром. Сепак, најмногу слетуваат приватни авиони, со оглед на тоа што многу богати луѓе имаат изградено вили на овој остров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi