Насипот на гигантите

19 февруари, 20150
1
Познат по илјадниците хексагонални столбови кои што се издигнуваат наизменично како скали, Giant’s Causeway или Насипот на гигантите е геолошко чудо кое што на прв поглед изгледа како нешто што би можел да го направи човекот.

 


Но, не е така! Станува збор за необични природни формации, настанати во текот на палеогенот, односно пред 65-23 милиони години, кога територијата на Северна Ирска била под влијание на силни вулкански активности.

Во текот на овој период, стопениот базалт доаѓал во постојан контакт со варовникот, притоа создавајќи големи површини на базени со лава. Со оглед на тоа што лавата брзо се оладила, овие базени испукале и создале повеќе од 40.000 шестоаголни столбови со различна висина. Денес тие изгледаат како џиновски скали, а највисокиот столб е висок 12 метри.

 


Како и поголемиот дел од природните чуда, и за ова геолошко чудо постојат бројни приказни и легенди. Така, според една легенда, ирскиот џин Фион Мак Кумхајл ги изградил овие столбови за да може полесно да скокне во Шкотска и на тој начин да го порази својот непријател Бенандонер.

Но, пред да стигне во Шкотска, џинот заспал, а Бенандонер ја искористил оваа можност и пристигнал во Ирска. За да го заштити својот заспиен маж, сопругата на Фиона го замотала во платно и го маскирала како свое дете, па кога Бенандонер пристигнал до Северна Ирска го видел “огромното дете” и си помислил – колку ли е голем неговиот татко?!

 


Престрашен од самата идеја за големината на џинот по кој дошол, Бенандонер се вратил назад во Шкотска, а креацијата која, според легендата, ја создал ирскиот џин Фион Мак Кумхајл останала да сведочи за овој настан до ден денес.
 

 

 

 

 

httpv://www.youtube.com/watch?v=XTEBxxJ6MUw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi