Нова сезона, нов хотел од снег…

24 февруари, 20150
21
Додека повеќето туристи за своето зимување би одбрале некоја веќе добро проверена дестинација, голем е и бројот на оние кои би се одлучиле за посета на некое необично место… За токму едно такво место станува збор и во продолжение!

Имено, секоја зима овој хотел одново се создава и истиот секоја нова сезона успева да ги воодушеви посетителите. Создаден исклучиво од снег, хотелот на гостите им нуди романтика, удобност и необично уживање, а за оние најхрабрите има и џакузи на отворено.


Хотелот Igly-Dorf секоја сезона се гради одново од 3.000 тони снег и тоа на шест локации, од Алпите до Пиринеите. Опкружен со високите планини, хотелот нуди незаборавен престој за кој гостите долго ќе прераскажуваат.

Секоја од собите е дополнително украсена со ремек-дела на артисти со потекло од целиот свет, кој својот талент го пренесуваат во снегот, а хотелот е отворен од Божиќ, па се до април. Во едно игло може да се сместат и до 38 гости, кои што спијат во удобни вреќи за спиење од овча волна, дизајнирани да се спротивстават на температура од -40 степени Целзиусови.

 


За престој во овој хотел, преку неделата, гостите треба да издвојат 99 евра за една ноќ, додека пак во текот на викендот, цената се зголемува на 115 евра. Во цената е вклучен и појадок со вкусни кроасани, домашно приготвени јадења и топол чај и кафе.

Сепак, единственото нешто што би можело да ги одврати гостите од малку подолг престој во овој хотел е фактот што во истиот нема вода, па затоа дури и самите претставници на хотелот им препорачуваат на гостите да останат само една ноќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi