Огромната вештачка лагуна

25 јуни, 20150
12
Огромната вештачка лагуна се наоѓа во градот Алгаробо на 100 километри од главниот град на Чиле.


Најголемиот базен на светот се наоѓа во хотелскиот комплекс Сан Алфонсо дел Мар во Чиле. Тој има големина колку 20 олимписки базени со должина од еден километар, а со околината покрива површина од околу 7.7 хектари.

 


Во огромниот базен може да се соберат околу 250 илјади кубни метри. Оваа вештачка лагуна се наоѓа во градот Алгаробо, на 100 километриод главниот град Сантијаго.


Базенот користи компјутерскоконтролирано вшмукување и филтерски систем за вода од океан. Тоа функционира на тој начин што на едниот крај водата се пумпа, а на другиот се исфрлува, додека сончевата енергија ја загрева водата на пријатни 26 степени, што е за девет степени повисока температура отколку на море.

 


Исто така, нему му припаѓа и гинисовиот рекорд за најдлабок базен на светот. Во него може да се нурка на длабочина и до 35 метри или да се плови како на отворено море.

 


Базенот е отворен во декември 2006 година, после речиси пет години изградба. Изградбата на самиот базен чинела околу 2.8 милиони евра.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi