Островот Јеју: Едно од седумте светски чуда
7 август, 20150
Островот Јеју кој се наоѓа на 130 километри јужно од Корејскиот Полуостров е познат по огромен неактивен вулкан и највисоката планина Халасан.
Споменатата планина се издигнува 1.950 метри надморска висина, а покрај неа на Јеју има тунели од лава, пештери со подземни езера, 360 ситни вулкански острови и уште неколку илјадници природни чуда.
Меѓу нив спаѓаат и 33 ендеми, 200 билки кои растат само на ова подрачје, 17 видови цицачи, 8 водоземци, 198 видови птици и над 900 видови инсекти.
Островот е заштитен од УНЕСКО и прогласен е за едно од седумте светски чуда.