Рај на земјата: Ова е најголемиот базен на светот!

6 мај, 20150
Рај на земјата: Ова е најголемиот базен на светот!

Во хотелскиот комплекс „Сан Алфонсо дел Мар“ во Чиле се наоѓа најголемиот базен на светот. Во него дури и обично капење може да се претвори во вистински маратон.

Овој базен е долг 1.013 метри, се простира на површина од осум хектари, а во него се наоѓаат неверојатни 66 милиони галони вода, што е околу 250.000 кубни метри. Да бидеме попрецизни, тоа е површина која одговара на 6.000 „обични“ базени.

Оваа вештачка лагуна содржи кристално чиста сина водал која достигнува длабочина од дури 35 метри. На лето нејзината температура достигнува 26 степени, што е за 9 степени повеќе отколку во морето.

За да се исполни овој огромен базен, неговите проектанти развиле иновативна технологија на филтри кои трајно ја прочистуваат морската вода. Овој рај за капачите граден е пет години, а за него се потрошени 2,5 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=p4tLAgYUpZk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi