Запознајте ги најубавите Карипски Острови

15 мај, 20150
19
Небесно сино море, идилични песочни плажи, блага клима и пристапен луксуз – ова се секогаш добри причини за да ги изберете Карибите за вашиот следен годишен одмор. Но, Карибите се состојат од многу острови, а ние ви предлагаме кои од нив да ги изберете.

Аруба


Овој остров-држава нуди и повеќе од само природна убавина – тоа е големо одредиште за сите оние кои ја сакаат декаденцијата и луксузот. Отровот има импресивна колекција од блескави казина, луксузни хотели и шопинг центри кои можат да им конкурираат и на оние во Лас Вегас. Аруба е убав мал остров кој претставува вистински рај на земјата за сите заљубеници во спортовите на вода, но може да биде и поприлично скап. Ако немате среќа во коцкањето…

Гренада


Гренада на Карибите често се меша со Гренада во Шпанија. Туристите кои се упатуваат кон една од овие две дестинации неретко завршуваат на погрешното место. Откако ќе ја погодите вистинската Гренада, тогаш со сигурност ќе ве воодушеви шаренилото на островот, и вистинскиот калеидоскоп од бои и ликови. Длабокото сино море, зеленилото на бујната тропска вегетација, црвените и жолти цветови и пријатната островска архитектура ќе ве расположат уште пред да тргнете во истражување на островот.

Свети Винсент


Овој островски комплекс, кој го сочинуваат 30-тина островчиња, нуди по нешто за сечиј вкус. Во текот на пролетта и летото на островите буквално експлодираат различни бои од тропски цвеќиња и овошје. Слаткиот мирис на румот се шири низ воздухот, а сината вода е често толку мирна и тивка што може да препливате од остров до остров.

Бермуда


Бермуда е позната по старата британска софистицираност. И додека жителите на овој остров сосема добро знаат како да се забавуваат, и понатаму во текот на денот претежно ќе ги видите во костуми и вратоврски. Овде излежувањето на плажа и пиењето на коктели сепак не е врв на забавата – голфот е главна атракција како за локалните жители, така и за туристите.

Бахамски Острови


Заслепувачкиот бел песок, екстравагантно шарениот подводен живот, нуркањето покрај коралните гребени и богатите резорти, чинат Бахамите да бидат една од најпосакуваните дестинации на Карибите.

Девствени острови


Ова се најмалите развиени острови во рамките на Карибите. Ако повеќе го сакате сопствениот мир, без многу врева и туристи, тогаш Девствените острови се вистинскиот избор за вас. А ако покрај тоа сакате и да ја истражувате природата, тогаш вашата потрага нека застане токму тука.

Света Луција


Света Луција нуди многу скриени места за младенците кои често го избираат поради фантастичната природа и ценовната пристапност. Втора причина поради која овој остров е познат во светот е џез фестивалот кој се одржува секоја година и на кој настапуваат некои од најголемите имиња од музичката сцена на денешницата.

Свети Мартин


Свети Мартин е најпопуларна помеѓу заљубениците во авиони. Всушност, пистата на островскиот аеродром се наоѓа веднаш до една од најпосетените островски плажи. Во текот на целиот ден ова е еден мирен тропски остров, но кога ќе падне мракот – тој се претвора во вистинска оаза за забава.

Кајмански острови


Кајманските острови се познати како засолниште за богатите кои тука ги складираат своите тешко заработени милиони, како би го избегнале плаќањето на даноците. Но, од друга страна пак, кристалното море, коралните гребени и пријателски расположениот морски свет, чинат Кајманските острови да бидат вистинска семејна дестинација.

Невис


Невис ретко кога се наоѓа на врвот на списокот на Карипските Острови. Но, оние кои знаат за неговите убавини, ја користат секоја можност за да минат на него барем неколку дена. Токму така неговата убавина ја препознаа помеѓу останатите и Опра, Силвестер Сталоне, Бритни Спирс… Островот е прекриен со идилична тропска шума која е опкружена од златни песочни плажи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi