Брз овошен колач

13 јули, 20150
10

Овој колач е многу омилен, а неверојатно лесно се прави. Ние за денеска се решивме да го правиме со вишни. За негова подготовка не ви е потребна некоја посебна вештина, а бидете сигурни дека со овој превкусен десерт ќе ги воодушевите сите!

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 3 шолји шеќер
  • 3 шолји масло
  • 6 шолји брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажица кисело млеко
  • Половина килограм вишни (можете и повеќе или помалку, останува на вашата желба)

Подготовка:

  1. Со миксер изматете јајца и додадете ги сите состојки освен вишните. Во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, сипете 2/3 од добиената смеса. Преку неа ставете ги вишните, а преку вишните преостанатата третина од смесата.
  2. Колачот се пече отприлика 25 до 30 минути на 170 степени. Кога малку ќе се излади посипете го со шеќер во прав.

Совет: Наместо со вишни, овој колач можете да го направите и со друго овошје: Сливи, кајсии, малини, праски, јаболки…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi