Чоколадна торта со слоеви од бисквити

25 јуни, 20150
16
Потребни состојки:
За тестото од бисквити:
  • 500 грама брашно
  • 70 грама маргарин
  • 150 грама рицинов шеќер
  • 3 лажици мед
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 2 јајца
  • Прстофат сол
За кремот од Нутела:
  • 250 грама несолен путер, омекнат
  • 1 литар млеко
  • 6 лажички гриз
  • 100 грама шеќер
  • 2 лажици сол
  • 280 грама Нутела
За благиот сос:
  • 60 грама Нутела
  • 60 грама темно чоколадо, исечкано
  • 60 грама крем
  • 60 грама испечени и излупени лешници
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе колку што е можно повеќе тркалезни садови за печење. Ќе ви бидат потребни 8, но доколку немате толку можете да ги ротирате оние кои веќе ги имате. Обложете ги со хартија за печење и тргнете ги на страна.

За да го направите тестото од бисквити, измешајте ги рачно сите состојки, а потоа дополнително мешајте со електричен миксер. Поделете го тестото на 8 еднакви парчиња. На рамна површина сипете малку брашно и оформете го секое парче тесто во многу тенка тркалезна форма со големина од една чинија. Поставете една чинија врз секое од овие теста и отстранете го вишокот. Поставете ги тестата врз садот за печење и печете од 7 до 8 минути или сè додека не станат златни. Тргнете ги настрана за да се оладат.

Во меѓувреме направете ја глазурата. Сварете го млекото, гризот, шеќерот, ванилата и солта заедно. Варете сè додека не добиете густа смеса, а потоа сместете ги во голем сад отпорен на топлина и прекријте ги со пластична кеса директно на површината. Ставете ги во фрижидер додека не се оладат. Мешајте го путерот со миксер сè додека тој не стане блед и кремаст. Додајте ја потоа и Нутелата и мешајте сè додека не се комбинираат. Откако ќе завршите, лажичка по лажичка претурете ја смесата со млекото и гризот. Повторно мешајте додека не се комбинираат.

За да ја составите тортата поставете едно тесто од бисквити на чинија за сервирање. Премачкајте го со мал дел од кремот и распределете го рамномерно врз тестото. Ставете уште едно тесто врз него и повторувајте го процесот сè додека не ги наредите сите слоеви тесто. Со остатокот од кремот поминете на врвот и страничните делови од тортата за да ја зацврстите. Ставете ја во фрижидер да се олади.

За да го направите благиот сос, во еден сад за готвење ставете Нутела, крем и чоколадо и загрејте ги на слаб оган, притоа цело време мешајќи. Кога тие ќе се стопат, тргнете ги од оган. Сипете го сосот над тортата и дозволете му да капи по страните, а потоа додајте ги и лешниците.

Чувајте ја тортата во фрижидер. Најдобро е да ја сервирате наредниот ден.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi