Кофтиња од тиквички

16 јули, 20150
9

Хранливите состојки на тиквичките имаат голем број поволни дејства врз здравјето на човекот: магнезиумот помага во намалувањето на притисокот; витамините Ц и А го спречуваат развојот на атеросклероза; додека хранливите влакна влијаат на снижувањето на холестеролот, како и на чистењето на токсините од дебелото црево.

Тиквичките го активираат метаболизмот на клетките, ја подобруваат функцијата на мозокот и придонесуваат за виталноста на организмот.

Во продолжение ви претставуваме еден рецепт за лесна подготовка на кофтиња од тиквички, кој ви озвозможува додавање на сирење или некои други ситно исечкани состојки.

Потребни состојки:

  • 2 поголеми тиквички (или 3 помали)
  • 3 јајца
  • 3 чешниња лук
  • 50 грама сирење
  • брашно
  • сол или вегета
  • свеж магдонос
  • свежи зачини

Подготовка:

1. Излупете ги тиквичките (ако се млади доволно е само добро да ги измиете) и изрендајте ги. Додадете јајца, сечкан свеж магдонос и брашно (постепено). Смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки. Додадете сол или зачин по вкус и рендано сирење (по желба).

2. Со кутлача вадете од смесата и пржете на вжештено масло. При пржењето, ќофтињата од тиквички вртите ги со широко лопатче. Кога ќе бидат готови, извадете ги од тавчето и наредете ги на хартиена салфета за да се исцедат од вишокот масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *