Kолач од три состојки е вистински хит на интернет

3 август, 20150
Kолач од три состојки е вистински хит на интернет

Рецептот за јапонскиот колач од само три состојки е вистински хит на интернет.

Кремаст и лесен, одличен избор за летните денови, особено ако знаете дека за овој десерт ви се потребни само три состојки. Многу гурмани со истенчен вкус го тестирале на своите непца, а сега може да го пробате и вие.

Потребни состојки за овој популарен колач се: 3 јајца, 120 грама бело или црно чоколадо и 120 грама крем сирење.

Загрејте ја рерната на 170 степени. Чоколадото ставете го во голем метален сад и стопете го на пареа. Додајте му го крем сирењето и сето тоа измешајте го. Тргнете ја смесата на страна и измешајте ги трите жолчки. Од белките направете бел шлаг а потоа третина од шлагот ставете ја во смесата и внимателно мешајте се додека не се соедини убаво. Повторете ја постапката уште двапати се додека не го потрошите целиот шлаг од белките.

Калапот за колачот обложете го со масна хартија која сте ја намачкале со путер и ставете ја смесата за колачот. Калапот ставете го во тава со врела вода и печете на 170 степени, 15 минути, а потоа уште 15 минути на 160 степени. Кога колачот ќе биде готов, исклучете ја рерната и не го вадете колачот уште 15 минути. Потоа извадете го од рерна и посипете го со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi