Кремпити готови за 30 минути

19 ноември, 20150
14

Потребни состојки:

– 1,3 литар млеко
– 1 путер
– 6 лажици остро брашно
– 6 јајца
– 18 лажици шеќер
– 2 пудинга од ванила
– 1 до 2 павлаки за шлагот
– 2 кори за кремпити

Подготовка:

1. Одвојте ги жолчките од белките и потоа изматете ги белките.
2. Ставете во еден сад околу половина од млекото и во него додајте ги жолчките, шеќерот, брашното и пудингот и се добро изматете со миксер додека не добиете воедначена смеса.
3. Другата половина од млекото ставете ја во тенџере и додајте го путерот. Загревајте на оган додека млекото скоро не зоврие, односно додека путерот потполно не се растопи па тргнете го од огнот.
4. Првата смеса прелијте ја во втората (во млекото и путерот) и мешајте додека се убаво не се соедини и згусне.
5. На крајот, во тенџерето додајте ги и изматените белки па со миксер на најслабата брзина се убаво измешајте додека смесата не се соедини.
6. Првата кора ставете ја во длабока тепсија па врз неа прелијте ја добиената смеса па измазнете со лажица.
7. Изматете шлаг и размачкајте го по смесата па потоа прекријте со другата кора.

Совет:

– За да можете полесно да ги исечете кремпитите, горната кора прво исечете ја на коцки па потоа коцките наредете ги врз смесата.
– Кремпитите се многу вкусни и без шлаг, па ако не сте љубители на шлаг можете и да го изоставите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *