Мини штрудли со џем од смокви

2 октомври, 20150
4

Состојки:

  • Прашак за печење
  • 50 грама мелени ореви
  • 130 грама брашно
  • Прстофат сол
  • Прстофат цимет
  • 1 јајце
  • 50 грама темен шеќер или мед
  • 40 грама путер

Полнење:

  • Џем од смокви

Подготовка:

Измешајте ги брашното, солта, оревите, прашакот за печење и циметот. Додадете го изматеното јајце, шеќерот и путерот па од сите состојки замесете тесто.

Замотајте го во фолија и ставете го во фрижидер.

Помеѓу две парчиња хартија за печење развлечете го изладеното тесто во правоаголен облик 15 на 25.

На средината на тестото нанесете слој џем. Важно е да користите некој густ џем кој нема да истече во текот на печењето.

Поклопете го џемот со едната страна на тестото (подолгата), и намокрете го работ со малку вода и преклопете го другиот дел.

Така подготвеното тесто вратете го во фрижидер уште половина час.

Добро изладеното тесто исечете го со остар нож на парчиња со дебелина од два прста.

Немојте да ги преместувате од хартијата за печење туку само лесно раздвојте ги за да не се залепат во текот на печењето.

Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.

Можете да ги служите и топли и изладени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi