Мини торта „Бомба“

23 јануари, 20150
31

Состојки:

• 1 парче ролат од брусница на „Винчини“
• 100 мл слатка павлака
• 4-5 лажици инстант какао (Несквик)
• малку слатко од боровница, јагоди, капини, малини.. (по желба)
Подготовка:
1. Ролатот од брусница исечете го на парчиња со дебелина од 7-8 мм.
2. Мини зделата за салата (ние користевме сад со дијамер од 15 см и со длабочина од 8 см) обложете ја со проѕирна растеглива фолија.
3. Целата здела, почнувајќи од дното, обложете ја со парчињата ролат од брусница.
4. Слатката павлака (хоплата) иматете а и додадете неколку лажици несквик. Доколку саката да биде поцрно, додадете какао во прав, ноне заборавајте да додадете и шеќер во прав.
5. Зделата обложена со ролат наполнете ја со изматената слатка павлака и одозгора затворете ја со останатите парчиња ролат.
6. 6.Мини тортата оставете ја да се олади, превртете ја, тргнете ја проѕирна фолија и сервирајте ја.
7. По желба, ставате малку слатко од боровница, јагоди, капини, малини..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *