Монте ледени коцки

22 ноември, 20150
6

За да го подготвите овој вкусен десерт потребни ви се:
1 пакување бисквити
1л млеко
12 лажици нишесте
8 лажици шеќер
200 гр. путер
300 гр. чоколадо за готвење
100 гр. слатка павлака

Подготовка:

Бел крем: 2 дл млеко добро се мешаат со 12 лажици нишесте, се додека грутчињата ги снема од смесата. Во 8 дл млеко се ставаат 8 лажици шеќер, при што смесата се остава да зоврие. Во врелото млеко се додава смесата со нишесте и постојано се меша, додека се згусне. Кога ќе се излади, се додава 200 г путер и повторно добро се меша.

Црн крем: потребно е да се истопат 300 г чоколадо за готвење во ½ слатка павлака (на тивок оган, постојано се меша и не смее да зоврие). Бисквитите се натопуваат во млекото и се редат во тепсија.
Потоа, врз нив се прелива белиот, па црниот крем. Кремот рамномерно се распоредува и се остава да се излади во фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi