Солена торта од макарони
21 април, 20150
Потребни состојки:
- Пакетче најобични, прави макарони
- 150ml доматно пире
- 200g мелено месо
- Малку кромид
- 100-150g рендан кашкавал или пармезан
- Зачини и сол по желба
Подготовка:
Во голема тава ставете го меленото месо да се испржи заедно со кромидот, додека не добие убава кафена боја.
Додајте го доматното пире во месото и мешајте додека не почне да врие.
Подгответе го калапот во кој ќе ја печете тортата. Ставете еден слој од сосот, па наредете ги претходно сварените макарони исправено.
Прелијте го остатокот од сосот и додајте го ренданиот кашкавал.
Печете 20-30 минути, додека кашкавалот не зарумени.
На здравје!