Сунѓер торта

21 јануари, 20150
24

Состојки:

200 гр маргарин
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
5 јајца
200 гр брашно
1 прашок за печиво
изрендана кора од лимон
сок од еден лимон
350 гр хопла со шеќер
џем од малини или јагоди
шеќер во прав за посипување
Подготовка:

Маргаринот пенесто се мати со двата вида на шеќер, изренданата кора и сокот од лимонот. Во еден сад со вилушка се матат јајцата и постепено се додаваат на изматениот маргарин. Се меша со миксер додека не се добие мазна крема.

Во еден сад се мешаат брашното и прашокот за пециво и постепено се додаваат во смесата од јајца и маргарин.
Калап за торта се премачкува со маргарин и во него се става тестото. Тестото треба да биде високо.
Се пече во рерна загреана на 180°С околу 30 минути (со чачкалица се проверува дали е печено).

Печеното тесто се остава да се излади и потоа се сече хоризонтално на 2 дела. Едната кора се мачка со подебел слој од џем или слатко од јагоди или малини. Врз џемот се става цврсто изматената хопла и се поклопува со втората кора. Врз втората кора се посипува шеќер во прав. Може и да се украси со свежо овошје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi