Запечен компир со павлака

24 јуни, 20150
13

Ова е одличен прилог со јадења со месо, а може да се послужи и како самостоен оброк.
Состојки:

1 кг компири

чешне лук

300 г. обична павлака

250 мл. млеко

100 г. рендан тврдо сирење

лажица кисела павлака

сол, бибер

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Тепсијата истријте ја со излупен и пресечен лук. Компирот иситнете го на тенки кругчиња, па организирајте ги во тепсијата како плочки.

2. Помешајте ги павлаката, млекото, сирењето и киселата павлака, посолете ги и побиберете, па со тоа рамномерно прелејте го компирот, така што целосно ќе биде прекриен. По потреба додадете малку од обичната павлака.

3. Компирот печете го во рерна околу 45 минути, додека не зарумени. Пред крајот испробајте дали е јадењето готово, тоа ќе го проверите така што ќе го прободете компирот. Ако е мек можете да уживате во вкусниот оброк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *