Ако решите да се преселите на овој остров, ќе добивате по 50.000 денари месечно, но тоа не е сè!

3 мај, 20151
010928-N-0271M-009
Ако имате желба да ја напуштите Македонија и да заминете некаде далеку, уште и ако ви се допаѓа идејата да живеете во Јапонија, ние веруваме дека ќе ви ја претставиме речиси совршената понуда за вас. 

 

Всушност, локалните власти во префектурата Кагошима, објавија дека поради желбата да ја зголемат популацијата и да започнат нов животен циклус на островите Такешима, Иоџима и Курошима, на службените странци им нудат навистина примамливи услови ако решат да ги спакуваат куферите и да се доселат токму на тие простори.


Еве кои сè права може да ги остварите:

● Ќе добиете еднократно 47.300 денари за патните трошоци.

● Три години по ред ќе добивате пари за изнајмување на куќа – 41.000 денари ако живеете сами, 47.300 ако се доселите со партнер, плус 9.000 денари за секое дете во семејството.

● Теле на подарок, кое може да го замените за 240.900 денари.

● 47.300 денари за прво дете, 89.700 денари за второ дете, 138.400 денари за трето дете, 187.600 денари за четврто…

● Финансиска помош за образување на децата.

● Финансиска помош за започнување со работа, а се нудат како опции – земјоделство, одгледување на говеда, шумарство и риболов.

● Делумно платени трошоци за излегувања ако сте самец и сте сè уште во потрага по својата сродна душа.


Исто така, вреди да се напомене дека и властите максимално ги спуштиле цените за наем на куќи на отприлика 8.200 денари, само што мора да исполните два услова, за тие да ви излезат во пресрет.

Првиот услов е дека не смее да бидете повозрасни од 55 години, а вториот дека островот не смее да го користите како одморалиште, туку дека сепак ќе мора да прифатите еден од понудените работни ангажмани.


Звучи добро зарем не? Сето ова звучи навистина одлично, освен ако немате проблем со вулкани, а токму во провинцијата Кјушу се наоѓа вукланот Асо (1.592 метра), најактивен во Јапонија.

Сепак, треба да се потенцира и тоа дека, на Кјушу сè до својата смрт живееле Камато Хонго (116) и Јукичи Чуганџи (114), донеодамна најдолговечни забележани луѓе на светот.

One comment

  • kasld

    3 мај, 2015 at 10:28

    kako da se prijavime za ova?

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *